Алкараз ЕЛИМИНИРАН во полуфинале – 21. тенисер во светот ГО ИЗНЕНАДИ младиот Шпанец!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во полуфиналето на АТП турнирот 250 во Буенос Аирес.

Чилеанецот Николас Џари, кој моментално е 21. тенисер во светот, за нешто помалку од два часа игра сосема неочекувано го совлада Алкараз со резултат 2:0 (7:6, 6:3) и со тоа избори пласман во финалето на турнирот.

Алкараз не успеа да ја одбрани титулата во главниот град на Аргентина, што значи дека ќе загуби 150 бода, па Новак од понеделник ќе ја зголеми разликата на АТП листата во однос на шпанскиот тенисер.

Во финалето одличниот Џари ќе игра против локалниот тенисер Факундо Дијаз Акоста, кој во полуфиналето беше подобар од Федерико Кори.