Алкараз откри за што никогаш не зборува со Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз уште еднаш покажа колку го цени Новак Ѓоковиќ.

Алкараз го победи Јан Леонард Штруф во третото коло на Вимблдон , а на прес-конференцијата беше прашан, меѓу другото, кој е најпаметниот играч на Тур.

„Верувам дека Ѓоковиќ е најпаметната личност на теренот. Тој е без сомнение играчот кој има најдобро познавање за овој спорт. Со своето искуство и сè што доживеал на тенискиот терен, но и по гледањето на многу негови игри, убеден сум дека тој има најголемо знаење за овој спорт“, рече Алкарас.

Алкарас и Ѓоковиќ имаат одличен однос надвор од теренот.

„Разговарав со Новак многу, многу пати. Ги гледав неговите натпревари, тренирав со него, ги гледав неговите тренинзи. Никогаш не зборуваме за тенис, натпревари и слично. Претпочитам да разговарам со него за други работи, за животот. Се обидувам да научам за неговиот тенис, начинот на кој секогаш тренира, начинот на кој игра, но однадвор. Никогаш директно не го прашувам ништо на таа тема. Обожавам да го гледам неговиот тенис, обожавам кога тренирам со него, начинот на кој се движи, игра и тренира.“ , истакна Шпанецот.

Во следната фаза Алкараз ќе се соочи со Андреј Рубљев.