На навивачите ќе им биде забрането да пијат алкохол на стадионите на Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија, објави „Гардијан“.
Иако до Светското првенство има десет години, британскиот весник е категоричен дека нема да има промени надвор од она што го бараат законите во Саудиска Арабија и дека ФИФА нема да врши притисок врз локалната власт да ги олабави правилата.
Инаку, пред неколку дена, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди Саудиска Арабија како домаќин на Светското првенство во 2034 година на вонредниот конгрес одржан онлајн.
ФИФА доби вкупно пет кандидатури – заеднички од Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам, заеднички од Австралија, Нов Зеланд и Индонезија, заеднички од Кина, Хонг Конг и Макао, заеднички од Казахстан, Киргистан и Узбекистан и независна Саудиска Арабија.
ФИФА ги одби сите апликации освен саудиската, а нејзината инспекција утврди дека понудата на Саудиска Арабија била најдобра досега, доделувајќи ѝ 419,8 од можни 500 поени во евалуацијата која ги вклучува сите аспекти на организацијата на најголемиот фудбалски настан во светот – од инфраструктура до сместувачки капацитет и логистички предизвици.