Американската инфлуенсерка Медисон Превет, која се натпреваруваше во реалното шоу „Ергенот“ во 2020 година, изјави дека се борела со зависност од порнографија и мастурбација и дека се срамила поради тоа.
Таа рекла дека е „опседната од гревот“ и дека Бог ѝ помогнал да ги надмине зависностите. 29-годишната девојка вели дека сè започнало затоа што била изложена на ваков вид содржина како тинејџерка.
„Отидов кај една пријателка. Нејзините родители не беа дома, а таа пушти емисија што беше крајно несоодветна. Без разлика колку го сакав Исус, не можев да се ослободам од тој грев“, рекла таа.
Таа понатаму изјави дека во тие моменти ја доведувала во прашање својата вредност и идентитет.
„Секој пат кога се препуштав на сексуален грев, не знаев која ми е целта“, рече таа, меѓу другото.
Таа се најде на второто место во „Ергенот“. Се омажи за пасторот Грант Траут во 2022 година. Во јануари оваа година, тие ја добија ќерката, Осана Роуз.