,,Американските војници нема да умираат во Газа!” – Белата куќа појасни дека Трамп не се обврзал да испраќа американски војници

Американскиот претседател Доналд Трамп не се обврза да испрати американски војници во енклавата како дел од неговиот предлог за преземање на Појасот Газа, објави Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за новинарите дека Трамп сака Палестинците кои живеат во Газа да бидат привремено преместени за да може енклавата повторно да се изгради.

Според неа, Трамп смета дека САД треба да се вклучат во обновата на Појасот Газа за да се обезбеди стабилност во регионот, пренесува Ројтерс.

– Ова не значи испраќање американски војници во Појасот Газа – изјави портпаролката на Белата куќа.

На заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во посета на земјата, американскиот претседател повика во вторникот на трајно раселување на Палестинците од Појасот Газа за САД да можат економски да ја развијат областа и да ја претворат во ривиера на Блискиот Исток, што предизвика светска осуда.

Трамп рече дека Палестинците треба да бидат раселени во арапските земји како Јордан и Египет, велејќи дека Газа во моментов не е ништо друго освен урнатини.

Рубио: Претседателот Трамп понуди САД да преземат одговорност за обнова на Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп понуди САД да преземат одговорност за обновата на Појасот Газа, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио на прес-конференција во Гватемала Сити.

Според него, тоа е единствена понуда за САД да интервенираат и да ги исчистат урнатините и трагите од уништување во Газа, додавајќи дека луѓето ќе мора да живеат некаде додека Газа ќе се обнови, пренесува Ројтерс.

Рубио нагласи дека понудата на Трамп не била наменета како непријателски потег и додаде дека допрва ќе треба да се разрешат деталите.
Тој исто така рече дека целта на планот на Трамп за Газа е да се постигне траен мир за сите луѓе во регионот.

Тој на X рече дека Газа мора да биде ослободена од Хамас и дека САД ќе се погрижат Газа да биде подобро организирана.