Ана Бекута проговори откако Лука Дончиќ побарал нејзината песна „Имам еден живот“ да биде пуштена за време на загревањето пред неговиот прв настап за Лос Анџелес Лејкерс.
„Вечерва ја добив оваа снимка која ми ги стопли душата и срцето. Ниту еден мој настап не може да помине без песната „Имам еден живот“, се чини дека оваа песна ќе стане задолжителен дел од кошаркарските игри“, рече таа, според
Телеграф.рс.
Таа изјави и дека им е благодарна на сите кои се радуваат, а и тагуваат со споменатата песна.
“Посебно на Перица Здравковиќ и Жана кои ми ја напишаа пред 32 години, аранжирана од Драган Стојковиќ Босанац. Од денес навивам за Лука и Лејкерси! Ви посакувам многу успех. Небото е граница”, рече таа.
Самото деби на Дончиќ не беше особено спектакуларно бидејќи промаши многу, а по натпреварот изјави дека е нервозен затоа што се му е ново и дека долго време не играл бидејќи е повреден. Во победата на Лејкерси против Јута Џез, Дончиќ постигна 14 поени, заедно со пет скока и четири асистенции. Неговиот тим победи со 132:113, а Дончиќ на теренот мина 23 минути.