Веста за пропаѓањето на љубовта меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ја шокираше целата планета и со денови е централна тема на сите светски медиуми.
Многумина почнаа да се присетуваат на некои од претходните љубови на српскиот тенисер и германскиот фудбалер, а во план влезе и романсата што Ана ја имаше со еден од најголемите заводници во светот на тенисот, Фернандо Вердаско.
Ана и Фернандо беа заедно до јануари 2009 година, кога Србинката беше видена со голферот Адам Скот, но врската со Вердаско не прекина поради тоа, туку поради друга причина.
Имено, во тој момент плановите на Ана и Фернандо биле поврзани со нивните кариери, а тенисот бил на прво место, па сите биле шокирани од причината за колапсот на нивната љубов.
Веста за нивното раскинување тогаш прво ја објави американската телевизија „Фокс спортс“, повикувајќи се на наводна пријателка на Ана Ивановиќ која сакала да остане анонимна, како што истакнаа тие. Овој извор тврдеше дека врската завршила за време на турнирот во Бризбејн кога Србинката била елиминирана во четвртфиналето, а таа веднаш заминала во Мелбурн и не го гледала Вердаско кој играл во финалето.
Во времето што дојде, исчезнаа и заедничките фотографии, а по еден од неговите натпревари во Бризбејн, Вердаско одговори на новинарско прашање зошто тој и Ана повеќе не се појавуваат никаде заедно.
– Без разлика дали сме пријатели или љубовни партнери, кога сме на турнирот треба да се држиме до нашата работа. Нема време за приватни работи. Сега сме тука да играме тенис, а не да се забавуваме, да поминуваме време заедно или, можеби, да се однесуваме како типичен заљубен пар – изјави Вердаско, а потоа додаде:
– Ќе се обидеме да го дадеме максимумот на теренот, а по турнирот се надевам дека ќе најдеме време да го надополниме пропуштеното и повторно да бидеме заедно.
Нивната врска започна во 2008 година, а парот особено се зближи во Њујорк за време на УС Опен и Ана и Фернандо беа видени заедно на многу места.
– Блиску сме. Поминавме извесно време на УС Опен и одлично се согласуваме. Полека се запознаваме, тој е одлична личност – изјави Ана Ивановиќ на турнирот во Пекинг непосредно по споменатиот УС Опен.
Папараците ги следеле насекаде, на тренинзи, натпревари, турнири, Ана го запознала и Фернандо со семејството, но врската не траела…