Ангела Меркел му испрати порака на Киев во врска со потенцијалните преговори со Русија: „Кога ќе дојде моментот…“

Само што засега не е потребно да се отворат тие преговори. Кога ќе дојде, сите треба да се консултираат заедно, вклучително и Украина и нејзините поддржувачи, рече Меркел.

Киев треба да влезе во преговори со Русија во моментот кога е во „поволна ситуација“, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

– Само засега не е потребно да се отворат тие преговори. Кога ќе дојде моментот, сите треба да се консултираат заедно, и Украина и нејзините поддржувачи – изјави Меркел во интервју за ТВ ЗДФ.

Таа го повика Киев не само да размислува за воено завршување на конфликтот, туку и дипломатски.

Меркел претходно изјави дека ЕУ треба да размисли какви би можеле да бидат дипломатските решенија за Украина, имајќи ја предвид победата на Доналд Трамп на изборите во САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потсети, коментирајќи ја можноста за контакт меѓу рускиот лидер Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во врска со преговорите за Украина, дека Путин постојано велел дека е подготвен за контакти и преговори.

За Русија е важно да ги постигне своите цели во украинскиот конфликт и варијантата на замрзнат конфликт не е прифатлива, нагласи Песков.