Во релативно тешка состојба се уште две лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, кои се на лекување во странство, соопшти попладнево на прес-конференција заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Во моментов 45 повредени лица се на лекување во странство.
Во текот на денот се очекува да пристигне и пациент од Солун, кој лекувањето ќе го продолжи на Клиниката за пластична хирургија. Во моментов на оваа клиника се лекува еден пациент.
Пациент утре ќе пристигне во земјава од Ниш. Две лица се сместени во приватна болница во Скопје.
Пожарот во Кочани однесе 62 животи, а околу 200 се повредени.