Ако некој знае како да направи грандиозен камбек, тоа е Анџелина Џоли . По цели 14 години отсуство, холивудската дива се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и – „растури“
Џоли (49), која последен пат прошета на Кан во 2011 година со тогашниот сопруг Бред Пит, сега е повторно слободна, но помоќна од кога било. Во петок, на 16 мај, таа присуствуваше на премиерата на филмот „Едингтон“, а потоа блесна на доделувањето на престижната награда „Трофе Шопард “, каде што ја играше улогата на „кума на вечерта“.
Два настапи, два целосни триумфи
За црвениот тепих на премиерата, Анџелина избра совршено извезена, фустан без прерамки во гола нијанса од модната куќа „Брунело Кучинели“ . Елегантен, редуциран, а во исто време и заслепувачки, фустанот потсетуваше на златното доба на Холивуд, а Џоли изгледаше достојно за легендата каква што е.
По премиерата, на вечерта на доделувањето на наградите „Трофе Шопард“ на плажата Карлтон, актерката се појави во уште пораскошен фустан: бел фустан до подот со ракав во облик на наметка што додаваше драма на секој нејзин чекор. Минималистички накит – сребрени висечки обетки и нараквица, дискретна шминка и лабава коса го надополнуваа изгледот на божицата од филмската митологија.
Анџелина како „кума“ на новите актерски надежи
Во улога на почесен гостин на вечерта, Анџелина имаше чест да им додели награди на млади таленти – актерите Мари Коломб и Фин Бенет. На настанот присуствуваа многу холивудски имиња, меѓу кои Натали Портман, Џулија Гарнер и Ема Стоун, но токму Џоли речиси целосно го украде вниманието на публиката и камерите.
Се враќа со стил – и приватно и професионално
Враќањето на Анџелина во Кан е поврзано и со нејзиниот професионален подем – благодарение на улогата на познатата оперска дива Марија Калас во филмот на Нетфликс „Марија“, Џоли доминираше во сезоната на доделување награди во 2025 година. Уште тогаш, таа навестуваше дека се враќа на голема врата, а сега официјално го потврди тоа – и тоа во најгламурозен можен стил.
Ѕвезда, икона, мајка
Особено емотивен момент за време на овогодинешната сезона на доделување награди беше кога Анџелина блесна на црвениот тепих во придружба на нејзината ќерка Захара (20). Нивното заедничко појавување беше прво откако конечно беше постигната спогодба за старателство и имот со Пит – и како што стојат работите, Џоли не само што го надмина тешкиот период, туку го претвори во својата најсилна фаза.
Таа се врати во Кан по повеќе од една деценија – и уште еднаш му покажа на светот зошто е ѕвезда што никогаш не бледнее.