Четвртата жртва е пронајдена синоќа во туристичката населба Елените, во Бургаската област, потврди вишиот комесар на Министерството за внатрешни работи, Владимир Маринов.
Бугарија беше погодена од катастрофални поплави предизвикани од обилните дождови во изминатите неколку дена, во кои загинаа четири лица, објавија официјални лица.
Четвртата жртва е пронајдена синоќа во туристичката населба Елените, во Бургаската област, потврди вишиот комесар на Министерството за внатрешни работи, Владимир Маринов.
Според него, телото на 58-годишна жена, руска државјанка, било пронајдено закопано во кал и остатоци донесени од силен поплавен бран.
„Врз основа на дојава од нејзиниот сопруг, кој допатувал од Русија и не можел да стапи во контакт со неа, тимот ја лоцирал куќата и го пронашол телото. Ќе следи судско-медицински преглед и понатамошни истраги“, рече Маринов, пренесува агенцијата БТА
03 OCT 2025
— world’s.news2025 (@sdon03517) October 5, 2025
BULGARIA, FLOODS#FreeRationDistribution#SaveAshram#अन्न_दान pic.twitter.com/Rj4kuhwFA2
Поплавите го погодија поширокото подрачје на Бургас, а најлошо беше во одморалиштето Елените, каде што водата го достигна своето највисоко ниво.
Во текот на претходната ноќ, екипи на Службата за противпожарна безбедност, полицијата и жандармеријата останаа распоредени на терен за безбедноста на евакуираните граѓани и туристи.
Во невремето животот го загубија двајца спасувачи, како и еден граѓанин кој во моментот на првиот бран бил на приземјето од својата куќа, објавува Курир.
Според последните информации, ситуацијата постепено се стабилизира, а локалните власти продолжуваат со санација на теренот и пружање помош на ранливото население.