Раководството на Ајакс денес го отпушти тренерот Морис Стајн.
Од холандскиот клуб известија дека страните одлучиле да го раскинат договорот кој беше со важност до летото 2026 година.
– Управата и јас дојдовме до заклучок дека ова е најдоброто решение, иако многу ми е жал. Луѓето кои ме познаваат знаат дека направив сè што е можно за да го вратам Ајакс таму каде што припаѓа. Но, не успеав, изјави 49-годишниот фудбалски стручњак.
Под водство на Стајн, екипата од Амстердам нема победа веќе осум натпревари. Во холандскиот шампионат, најтрофејниот клуб во земјата е на претпоследното место со пет бодови од седум натпревари натпревари.