АXВ со вонредни проверки во некои кујни од градинките, се изрекуваат некои казни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АXB) и оваа недела, покрај редовните, продолжија да вршат вонредни инспекциски проверки.

Во текот на оваа недела во контролите беа опфатени 38 кујни во приватни јасли низ територијата на Македонија.

Со направените проверки, констатирано е дека 11 од проверените кујни не се регистрирани во АXВ како оператори со храна, за што се издадени наредби за итна регистрација и изречени се парични казни.

Утврдено е дека 4 од кујните на приватните градини не ги почитувале хигиенските барања кои се однесуваат на неспроведените процедури за добра хигиенска практика и еден оператор со храна не извршил задолжителна здравствена проверка на вработените во кујните.

За отстранување на констатираните несогласувања по наредба се издадени 14 решенија, како и изречени се 13 глоби.

Со итните контроли кај овој тип на оператори со храна не е пронајдена небезбедна храна.