Баер му дава зелено светло на Чаби Алонсо: Поставува рок и услови за напуштање на клубот

Сè погласни се шпекулациите дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и Шпанецот потенцијална замена за Карло Анчелоти.

Иако кон крајот на минатата сезона во центарот на сите муабети за новиот тренер на Ливерпул беше Чаби Алонсо, тој ниту за момент не сакаше да се вклучи во никакви шпекулации.

Тој имаше мисија да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер не загуби ниту еден натпревар во Бундеслигата, а и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим.

Сепак, медиумите ја пуштија фантазијата, Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку сака да си замине, а шпанскиот тренер има излезна клаузула во договорот што ја потврди и Баер.

„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине. Чувствуваме дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука пред тоа бидејќи тоа влијае на нашите планови, тимот и подготовките. И ние и Чаби сме свесни дека не можеме брзо да го одложиме тоа”, изјави Фернандо Каро изјави за Sky Sport.

Менаџерот на Алонсо наводно веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.