Бев изневерена па и јас изневерував! Актерката ги откри сите тајни на брачниот живот: Научив дека морам да простувам неверство (фото)

Џејда Пинкет Смит (52) неодамна јавно призна дека таа и нејзиниот сопруг Вил Смит (55) не живеат заедно веќе седум години. Таа во својата нова книга „Worthy“ откри многу детали за нивната врска и брак, а сега повторно ги шокираше своите обожаватели.

Оваа недела таа гостуваше во шоуто на нејзината колешка Дру Баримор, а разговорот беше за споменатите нејзини мемоари. Кога водителката ја прашала дали чувствува дека се одвоила од сопругот со објавувањето на книгата или ќе „остане во неговата сенка“, Џејда прво молчеше, а потоа Дру ја прашала дали тоа значи дека остануваат заедно?

– Остануваме заедно, засекогаш. Се обидов, се обидовме – призна Џејда, според Индипендент.

Потоа следеше изненаден поглед на холивудска актерка и водителка на популарна емисија.

После тоа Џејда појасни дека бракот со Вил не бил според очекувањата.

– Морав да научам да го сакам повеќе од титулата „сопруг“ и сите романтични очекувања кои доаѓаат со неа. Морав да научам да го сакам таков каков што е. Вклучувајќи ја и неговата светла и темна страна – признала таа.

Неочекуваното откритие го засени разговорот за книгата, во кој Џејда призна дека таа и Вил дојдоа на минатогодишните Оскари 2022 година, запаметени по шамарот што Вил му го „упати“ на Крис Рок.

– Живеевме одвоено , бевме таму како семејство, не како маж и жена, но кога слушнав како среде хаосот на доделувањето на наградата ми се обраќа со „жена“, сфатив дека тоа всушност сум јас – напишала Џејда.

– И двајцата сме заглавени во фантазии за тоа што треба да биде другиот – изјави за бракот со Џејада минатиот месец, зборувајќи за книгата.

Таа тогаш призна дека таа и Вил се обидувале да откријат како треба да изгледа нивниот брак од декември 1997 година кога се венчале.

– Доживеав неверство и навистина ми го скрши срцето, па потоа и јас го изневерив. Морам да ви кажам: потешко ми беше да го преболам она што го направив јас отколку она што некој ми го направи. Научив дека морам да простам неверство бидејќи тоа навистина нема никаква врска со мене – изјави Џеда пред телевизиските камери.