Битиќи: Страшно е што јавниот долг достигнува 70,8 отсто, највисок во историјата

„Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 отсто, сега на 31 декември ќе имаме јавен долг од 66 отсто, а ако на ова се додадат и неизмерените обврски на единиците на локалната самоуправа, доаѓаме до јавен долг од 70,8 отсто. Држете ми збор за тоа, на 15 јануари ќе разговараме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале ваков јавен долг. И ова е страшно за државата“.

Вака рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи на денешната Комисија за финансирање на буџетот на која се расправаше за предлог-буџетот за 2025 година.

„Треба да видиме како ќе се соочиме со него. Затоа ова не е вклучено во фискалната стратегија и ние го посочивме. Но, кога ги читаме бројките, ако се оди на документот што го направи собраниската буџетска канцеларија на страница 36, за стоки и услуги, тој вели дека за 15 проценти во однос на салдото, материјалите и паричниот инвентар се зголемуваат. Станува збор за 757 милиони денари. Кај договорните услуги, 4,9 милијарди зголемување на договорните услуги. Договорни услуги има 80 или нешто милиони евра“, рече Битиќи.

Седницата на Комисијата е во пауза поради вербалната пресметка на пратениците.