Шокантни снимки се снимени во Неа Агиалос каде пламенот се приближува до градот, а жителите се евакуираат.
Полициските сили им даваат инструкции на граѓаните како да избегаат од областа. Владата е на готовс, а црковните ѕвона постојано бијат за да сфатат и последните жители дека мора да си заминат.
– Ги повикувам сите жители да си заминат, нас не интересира човечки живот, а не имот. Евакуирани се 80 отсто од Неа Агиалос – изјави претходно градоначалникот на Волос, Ахил Беос.
Пожарот веќе втор ден неконтролирано гори во Магнезија.
Во четвртокот нешто пред 18 часот имаше експлозии во магацините за муниција на 111-от борбен полк. Магацинот се наоѓа на неколку километри од аеродромот и има надземни и подземни тенкови, како и муниција.
Експлозиите од магацинот се слушнале дури до Волос и Скопелос.
Ударниот бран ги скрши стаклата на куќите и излозите во околината.
Локалните медиуми јавуваат дека нешто по 19 часот, раководството на Министерството за одбрана наредило превентивно отстранување на три ескадрили борбени авиони Ф-16 поради континуирани експлозии и неконтролиран оган.