Боксерката за која тврдат дека е маж покажа неверојатна промена: Еве како изгледа нашминкана

Видео кое предизвика големо внимание

Олимписката шампионка Имане Калиф го покажа својот нов изглед за да го покаже златото што го освои во Париз, односно во преден план ја стави својата женска страна!

Алжирката често беше предмет на коментари за време на Олимпијадата и многумина сè уште ја сметаат за маж, додека таа самата одлучи да поднесе тужба во која се вклучени дури и Илон Маск и Џ.К. Роулинг.

Во видеото кое го објави на Инстаграм, Калиф најпрвин удира кон камерата, а потоа се појавува во розова цветна облека, со обетки, розова сенка за очи и сјај за усни. Таа гордо го покажуваше својот медал и се смешкаше.

Нејзиното присуство на Олимпијадата често беше коментирано, особено откако италијанската боксерка Анџела Карини се повлече од мечот по само 46 секунди. Инаку, Имане, заедно со нејзината колешка Лин Ју-тинг од Тајван, беше дисквалификувана од Светското првенство во 2023 година од страна на ИБА поради наводни проблеми со тестот за пол.

Додека ИБА ги забрани неа и Лин од Светските првенства, МОК имаше поинакво мислење.

– Прашање е за правда: жените мора да имаат право да учествуваат во женски натпревари. И двете се жени – изјави претседателот на МОК Томас Бах.