Бред Пит би сакал да се ожени по третпат, но не може поради Анџелина Џоли: Нивната епска војна добива нови размери (фото)

Бред Пит ужива во љубовта со 29 години помладата дизајнерка на накит Инес де Рамон. Колку е сериозна нивната врска покажува и фактот што живеат заедно. Иако размислуваат да одат до олтарот, тоа не им успева, пишува Daily Mail.

Причината поради која не можат да се венчаат има име и презиме – Анџелина Џоли.

Имено, Анџелина и Бред сè уште официјално не се разведени. Нивната разделба се случи во 2016 година, по жестока расправија. До денес одат на суд затоа што не можат да се договорат за старателство над децата и за распределба на имотот.

„Бред сака повторно да се ожени, но Анџелина сè уште му стои на патот а тој само сака сè да заврши“, изјави за DailyMail извор близок до Бред.

,,Таа го одолговлекува речиси една деценија. Сега тој го одложува финализирањето на нивниот развод“, додаде тој.

Изворот објаснил и дека врската на Бред со нивните деца би можела да биде главната причина за постапките на Анџелина, а многумина се сомневаат дека таа чека близнаците да наполнат 18 години за да го финализира разводот.

Инаку, Џоли и Пит имаат посвоени деца – Медокс, Пакс и Захара, а таа ги роди Шајло и близнаците Вивиен и Нокс.