Денеска ви предлагаме да направите торта од гриз.
Состојки:
50 гр путер
50 мл масло
200 гр пченичен гриз
400 мл вода
300 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
10 гр цимет
За глазурата:
100 гр чоколадо
30 гр путер
50 мл млеко
Подготовка:
Во тенџере истурете вода, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Ставете го на тивок оган, а кога ќе почне да врие оставете го уште пет минути, па тргнете го од оган.
Во друга тава ставете ги путерот и маслото и кога ќе се растопат и загреат додадете го гризот со постојано мешање со жица додека гризот не добие жолтеникава боја.
Внимавајте да не изгори. Кога ќе добие боја, ја додаваме смесата од првата тава, убаво промешуваме да се соедини и се заедно се вари уште две-три минути. Истурете во мал плех, а кога ќе се олади покријте со чоколадна глазура.