Британците повторно пишуваат за хрватскиот град: Бисерот на Јадранот кој треба да се посети во октомври

Доколку планирате наскоро патување и сакате да го поминете во потоплите предели, можеби треба да го посетите Дубровник.За хрватскиот град пишуваше уште еден британски медиум, а овој пат се работеше за Експрес. Според авторот на текстот, Дубровник е извонреден европски град, кој треба да го посетите во октомври.

„Дубровник е шармантен крајбрежен град кој се наоѓа во Хрватска покрај Јадранското Море, кој го доби прекарот „Бисер на Јадранот“ поради неговата извонредна убавина. Повеќето луѓе ќе го препознаат градот како локација за снимање на „Игра на тронови“, бидејќи некои сцените се снимаа во Дубровник, кој е познат по добро сочуваната средновековна архитектура“, вели тој.

Но, освен тоа, тој посочува дека е опкружен со зелени ридови и кристално чисто сино море и дека е одлична дестинација за есен, бидејќи просечната температура во октомври се очекува да биде 22 степени.

Исто така, се вели дека Дубровник е одличен во октомври бидејќи тогаш започнува фестивалот на храна, кој трае две недели, каде ќе има дегустации на храна и вино, натпревари во готвење и работилници каде посетителите ќе можат да научат да подготвуваат локални јадења.

„Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на морето, Дубровник е познат по свежите морски плодови, а на него големо влијание имаа и медитеранските јадења како паштикада, маринирана говедска чорба, но и розата, кремаст пудинг“, велат тие.

Инаку, странските медиуми, особено британските, често пишуваат за Дубровник како локација која мора да се посети. Но, порано ве советуваа да го избегнувате во текот на летната сезона бидејќи тогаш има големи гужви.