Една од најголемите холивудски ѕвезди, Брус Вилис, се повлече од светот на филмот пред речиси една година, кога му беше дијагностицирана афазија, а потоа и деменција. Сепак, обожавателите ширум светот се воодушевени од веста дека тој би можел да се врати на големото платно.
Имено, познатиот режисер Квентин Тарантино наводно сака да му додели улога на Брус Вилис во своето ново дело. Како што пренесуваат странските медиуми, Квентин Тарантино веќе е длабоко влезен во подготовките за новиот филм „The Movie Critic“, а Брус Вилис ќе има помала улога во оваа продукција.
Иако Квентин Тарантино, наводно, сè уште не стапил во контакт со семејството на актерот, тој планира да ја почитува нивната одлука доколку кажат дека Бурс Вилис е премногу лошо за да учествува во филмот. Во тој случај, во филмот ќе вметнат снимки од некои претходни дела на Бурс Вилис.
Да потсетиме, по дијагнозата на болеста состојбата на актерот со текот на времето се влошувала, а најголема поддршка му е семејството, но и поранешната сопруга Деми Мур.
Како што неодамна откри извор близок до семејството, Бурс Вилис полесно го препознава гласот на својата поранешна сопруга Деми Мур отколку гласовите на другите, па таа секојдневно разговара со него за да го спречи понатамошниот развој на болеста.
„Деми Мур е во постојан контакт со Брус и Ема Вилис. Таа ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него, Брус Вилис и се јавува за да ѝ го слушне гласот. Тој не може многу да зборува, а изгледа малку разбира од тоа што му се зборува“, изјавил неодамна извор за магазинот Radar Online, додавајќи дека семејството тешко се справува со веста за неговата дијагноза, а дали ќе се согласи се појави во новиот филм на Квентин Тарантино, останува да видиме.