Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ има шест години помлад брат Велибор, кој неколку години се занимава со продукција.
Имено, Велибор Милошевиќ е дипломиран економски науки, а своевремено работел и во театар во Подгорица.
Иако Велибор ретко се појавува во јавноста, секогаш кога Андрија ќе објави своја фотографија, многумина ја коментираат нивната сличност.
„Исти сте“, „Како близнаци“, „Брат ти е убав, вистински фраер“, се само дел од коментарите под објавите на Андрија, а бројни жени пишуваат и дека Велибор е „подобар фраер“ од популарниот актер.
Инаку, Андрија, за разлика од неговиот брат, е многу активен на социјалните мрежи каде често споделува забавни кадри со сопругата Александра Томиќ, која исто така е актерка, и нивниот син Реља.