Вашето тело останува без вода, а вие не ни знаете! Телото испраќа важни сигнали – не ги игнорирајте

Многу луѓе мислат дека жедта доаѓа само по зачинета храна или вежбање, но вистината е дека дехидрацијата започнува многу порано отколку што ја чувствуваме. Телото испраќа суптилни сигнали што укажуваат дека му недостасува вода и важно е да не ги игнорирате.

Лош здив

Без доволно плунка, бактериите брзо се размножуваат во устата, предизвикувајќи лош здив. Ако здивот не ви е свеж, испијте чаша вода пред да посегнете по гума за џвакање.

Ненадејна желба за храна

Мозокот често ја меша жедта со гладот. Ако имате необјаснива желба за грицкање, можно е она што всушност ви треба е вода.

Недостаток на потење

Ако не се потите дури и при физичка активност, тоа може да биде знак за сериозна дехидрација, телото штеди вода и престанува да ја излачува.

Еластичност на кожата

Стиснете ја кожата ако е потребно подолго време за да се врати во нормала, веројатно сте дехидрирани.

Како да пиете повеќе вода?

Едноставен трик, до себе чувајте висока чаша со сламка. Несвесно ќе пиете голтка во текот на денот и ќе останете полесно хидрирани.