Весна Дамева со чанта од околу 5.000 долари?

На вчерашната седница во Собранието за интерпелација на петмината членови на Судскиот совет, беше изгласена недоверба на Весна Дамева поранешната претседателка на Судскиот совет како и на Црвенковска и Адеми.

Поранешната претседателка на седницата на која го одржа својот комедичен говор во кој наведе дека таа и нејзиното семејство биле мета од страна на јавноста дојде во прилично на прв поглед скромно одело, се додека не падна во око нејзината чанта која беше доволно впечатлива за да и се посвети доволно внимание за анализа.

Станува збор за Гучи чанта која според информациите од интернет чини од 4.700 до околу 5.000 американски долари.

Се поставува прашањето дали оваа чанта на Дамева е купена со нејзината плата од 140.000 илјади денари, и дали би можела воопшто таа да се купи, или колку Даемви плати се потребни за чанта од 305.000 денари?

Можеби станува збор за очекуваниот одговор дека е поклон од нејзината ќерка, роднина итн, но сепак тоа не ги оправдува средствата во овој случај чантата, бидејќи од 140 до 300 илјади денари има доволно разлика да не може да се приушти ова мала скромна чанта, за која ќе дознеме во некое далечно утре?