ВИДЕО | ВО ЦЕНТАР – Христијан Мицкоски е ‘заробен’ од македонската олигархија !?

Во последната емисија „ВО ЦЕНТАР“ со новинарот Васко Ефтов, гостуваше поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов, кој што даде свое видување за моменталната ситуација во најголемата опозициска партија во Македонија.

Оливер Андонов кој што со уште неколку истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ има своја фракција против актуелното раководство на партијата, искрено зборуваше за сегашната состојба и атмосфера што владее во партијата.

Оливер Андонов тврди дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е под директна контрола на македонската олигархија односно работи во корист на истакнати македонски бизнисмени кои 30 години се дел од политичките збиднувања во државата. Тој го спореди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот стил со поранешниот претседател на партијата, Љубчо Герогеивски, во однос на нивниот пристап кон олигархијата.

Не се сомневам дека Христијан Мицкоски е под директна контрола на таа олигархија. Внатрешните состојби на таа политичка олигархија, која дополнително ја отежнува состојбата во ВМРО-ДПМНЕ односно тенденцијата на раководството на чело со претседателот, создаваат сопствена елитистичка приказна“, вели Оливер Андонов.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е04: Христијан Мицкоски е заробен од македонската олигархија – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #OliverAndonov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #VMRODPMNE #HristijanMickoski #NikolaGruevski #Balkan #tiktokbalkan #money #AleksandarVucic

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Тој додава дека овој еден вид процес го има започнато Љубчо Георгиевски, кога низ македонската јавност кружеа приказните дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прерасне во елитистичка политичка партија, а денес го предводи Христијан Мицкоски.

Познато е дека Љубчо Георгиевски беше фронт-мен на тие елитни процеси односно покажување на раскош, но со доаѓањето на Никола Груевски и ја врати партијата на „пониско“ ниво, односно тие работи ги остави зад себе.

Оливер Андонов вели дека доколку Никола Груевски бил подготвен на таков тип на игра, Христијан Мицкоски е поголем хедосит од него.

Целото интервју со Оливер Андонов и најновата емисија „ВО ЦЕНТАР“ можете да ја погледнете овде.

Васко ЕфтовВМРО-ДПМНЕВО ЦЕНТАРМакедонијаОливер АндоновполитикаХристијан Мицкоски