Луксузна јахта долга речиси 30 метри беше зафатена од пламен и потона во близина на медитеранскиот остров Форментера.
Медиумите јавуваат дека на јахтата имало пет членови на екипажот и 12 патници кои успеале навреме да ја напуштат и покрај неверојатната брзина со која горела. Само еден од членовите на екипажот барал болничко лекување поради полесни изгореници.
Алармот се вклучил околу 18 часот по локално време додека јахтата, чија изнајмување во текот на летото чини речиси 55.000 евра, била закотвена.
Се верува дека јахтата е во сопственост на професионалниот шпански покер играч Диего Гомес Гонзалес познат и како Лео.