Застрашувачки снимки од падот и експлозијата на шпански Ф-18: Падна во базата во Сарагоса, пилотот се катапултира
Во воздухопловната база во Сарагоса утрово се урна борбен авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство . За среќа, пилотот успеал да се катапултира пред авионот да удри во земјата.
Според воздухопловните сили, авионот учествувал на изложба кога инцидентот се случил нешто по пладне. Авионот се урнал на една од пистите во воздухопловната база во главниот град на провинцијата Арагон.
Пилотот веднаш бил префрлен во болницата Мигел Сервет во Сарагоса. Се вели дека при ударот претрпел траума и повреди на нозете, колковите и рацете.
Како што пренесува „Хералдо де Арагон“, пилотот е капетан ветеран од 15-та ескадрила со повеќе од 1.000 часа летање.
Во моментот на падот, тој изведувал воздушни маневри како подготовка за изложба во Гарапинилос на 10 јуни.
Извори на „Гардија Цивил“ соопштија дека пилотот имал проблем и дека леталото се урнало и пилотот успеал безбедно да се катапултира.
Ф-18 Хорнет беше целосно уништен откако експлодирал при удар со земја. Противпожарните екипи од базата излегле на местото на настанот за да го изгаснат пламенот.