ВИДЕО | НА ВАКВО НЕШТО НЕ СЕ СЕЌАВАТЕ – Владимир Путин за првпат јавно се извини некому

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја одржува својата прва голема прес-конференција од почетокот на инвазијата на Украина во февруари минатата година и одговара на прашања од граѓаните. 

Она што го пренесоа сите големи светски медиумски агенции е тоа дека тој им порача на Русите дека мир со Украина ќе има само, како што вели – „кога ќе ги постигнеме нашите цели“.

Со овој јавен настап, Владимир Путин ја комбинира својата годишна „директна линија“ на комуникација со руските граѓани и прес-конференција за сите новинари во Русија

Она што привлече исто така големо внимание од овој настап на Владимир Путин, е тоа што тој му се извини на пензионер кој го повика да се „сожали“ на постарите Руси и да ја намали цената на јајцата поради вртоглавата инфлација.

Многу ми е жал, ве молиме прифатете го моето извинување за тоа“, истакна тој, додавајќи дека увозот од Турција и Белорусија ќе ја зголеми понудата и ќе ги намали цените.

Сакам да ги јадам и јас“, кажа претседателот на Русија и истакна: „Можам да изедам десетина од нив за појадок… Она што се случи беше дека имаше поголема побарувачка, но производството не се зголеми“.

Поради зголемената инфлација и зголемените трошоци за увоз, граѓаните на Русија тешко ја наоѓаат основната храна за живот за секое домаќинство, особено во пресрет на празниците.

Во ноември просечната цена на јајцата во Русија се зголеми за 40,29% на годишно ниво, покажуваат податоците на руската Федерална државна служба за статистика (Росстат), а московјаните се сведоци на уште повртоглав раст на цените.

Владимир ПутинполитикаРусија