Дрон – камиказа дрон на украинските сили уништил група руски инженери во Брјанската област, Русија.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како група војници формираат одбранбени линии со помош на ровокопачи недалеку од границата со Украина.
Сепак, дронот наеднаш паѓа и удира во машината.
Во видеото се наведува дека глетката е снимена во близина на населбата Локот во Брјанска област. Засега не се знае точно кога е направена.
Според Киев, украинските сили постепено ги потиснуваат руските војници на неколку фронтови и ја ослободуваат нивната територија, но не е прецизирано до каде напредувала армијата. Припадниците на вооружените сили на Украина наводно ги напаѓаат руските позиц
ии на јужното и северното крило и постигнуваат голем успех кај Бахмут.
– Украинските офанзивни операции кај Бахмут би можеле да ја принудат Русија да донесе тешка одлука за повлекување на силите од другите региони на Украина – објави во својата најнова анализа Американскиот институт за проучување на војната.