Поранешната австриска министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл, која во 2018 година се прослави со танцувањето со рускиот претседател Владимир Путин на нејзината венчавка, се пресели во Санкт Петербург – заедно со нејзините коњи, кои биле испорачани со руски воени авиони, пишува весникот The Guardian.
Во 2018 година, Карин Кнајсл, тогашната министерка за надворешни работи на Австрија, се најде на насловните страници откако го покани Владимир Путин на нејзината свадба. Тоа беше само неколку месеци откако некои земји од ЕУ – освен Австрија – протераа руски дипломати како одговор на нападот со нервен агенс врз Сергеј Скрипал во Солсбери.
Контроверзната 58-годишна жена ја напушти Владата следната година и се пресели во Франција во септември 2020 година, каде што стана колумнистка за про-Кремљ медиумот Russia Today.
Во објавата на социјалната мрежа Телеграм во средата, таа напиша дека е изненадена дека нејзиното преселување во Русија се гледа во политичко светло, додавајќи дека ги преселила своите книги, облека и коњи од Марсеј во Бејрут преку DHL во јуни 2022 година, откако била „избркана“. од Франција.
Но, Либан беше само привремено решение од каде таа на секои шест недели патувала во Русија на работа.
„Поради санкциите нема летови за Русија. Затоа, го искористив рускиот транспортен лет од Сирија до Русија, за што сум многу благодарна“, изјавила таа.
Минатата недела, нејзините два коњи биле пренесени во Санкт Петербург со воен авион од руската воздушна база во Хмејмим, Сирија, според извештајот на рускиот истражен веб-сајт The Insider.
Во јуни, Карин Кнајсл го претстави центарот Горки, тинк-тенк на Универзитетот во Санкт Петербург, основан за да помогне во дефинирањето на политиката за Руската Федерација со фокус на Блискиот Исток.
Во 2021 година, Карин Кнајсл се приклучи на одборот на директори на рускиот нафтен гигант „Роснефт“.
Таа поднесе оставка во мај 2022 година, откако Европскиот парламент усвои резолуција со која се предвидени санкции против Европејците кои сè уште се во одборите на големите руски компании.
Во продолжение погледнете како танцуваа Карин Кнајсл и Владимир Путин на нејзината свадба: