ВИДЕО | РОДЕНДЕНСКИ ГАФ НА ЏО БАЈДЕН – На 81-от роденден се шегуваше на негова смета, а она што следуваше е хит на Интернет

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претходниот ден зборуваше на годишната церемонија за помилување на мисирки во Белата куќа, а неговиот последен гаф стана вистински хит. 

Имено, Џо Бајден по грешка зборувал за Бритни Спирс, а всушност мислел на Тејлор Свифт.

Церемонијата на помилување на мисирки во Белата куќа случајно „падна“ на 81-от роденден на Џо Бајден. Претседателот на САД помилувал две мисирки, по име Либерти и Бел, и по грешка зборувал за пејачката Бритни Спирс кога всушност сакал да ја спомене Тејлор Свифт, која моментално е на меѓународна турнеја.

За да стигнат овде, Либерти и Бел мораа да ја победат тешката конкуренција. Тие мораа да работат напорно, да бидат трпеливи и да патуваат повеќе од 1.000 милји. Може да се каже дека тоа е потешко од добивање билет за турнејата на Бритни (Спирс). Таа е таму долу, во Бразил е жешко во моментов…“, рекол Џо Бајден.

Претседателот на САД очигледно мислејќи на Тејлор Свифт која во моментот е на турнеја во Бразил, а исто така, според многумина таа е и најголемата музичка ѕвезда во САД.

Тејлор Свифт настапи во Бразил во неделата навечер, откако го одложи саботниот настап поради големите жештини во таа земја, а пејачката Бритни Спирс моментално не е на турнеја.

Белата куќа допрва треба да одговори на прашањата на новинарите за последниот гаф на претседателот Џо Бајден, а гласачите изразија загриженост за неговата возраст.

Интересно е што овој лапсус се случил токму на 81-от роденден на Џо Бајден, а за време на истиот говор тој се пошегува на сметка на годините велејќи дека „не е лесно да се наполни 60 години“.

Бритни СпирсживотполитикаСАДТејлор СвифтЏо Бајден