Една од најпознатите балкански музички ѕвезди, Северина, на новогодишната ноќ во Котор настапи пред 30.000 луѓе. Таа ги испеа своите бројни хитови, а на полноќ ја изведе песната „Ivanova Korita“, додека во еден момент од концертот таа и кажа на публиката: „Не ја давајте Црна Гора!“.
На социјалните мрежи околу таа реченица се крена полемика. Србите беа „навредени“, а од друга страна имаше и такви кои ја поддржаа пејачката и не разбраа во што е проблемот со кажаните зборови.