Силно невреме го погоди градот Ла Шо де Фонд во регионот Нојшател, кој граничи со Франција, пишува France24.
„Невремето за жал предизвика смрт на едно лице на околу 50-годишна возраст, откако се урна градежен кран“, соопштила полицијата на Нојшател за тамошните медиуми.
Итната помош згрижила петнаесетина повредени лица. Невремето поминало брзо, но силниот ветер предизвикал значителна штета.
Многу возила биле оштетени или уништени, кровови биле разнесени, а уличната инфраструктура била уништена, како и многу дрвјата биле откорнати.
„Веројатно торнадо поврзано со невремето доцна утрово го погоди Ла Шо-де-Фонд“, пишуваат тамошните медиуми.
„Налетот на ветерот со брзина од 217 километри на час беше снимен од нашата станица на аеродромот Ла Шо-де-Фонд овој понеделник наутро, под бура која ненадејно се засили по пристигнувањето во регионот“, објави MetroSwiss на социјалната мрежа Твитер.
Во тек се операции за спасување и чистење, а полицијата на Нојшател ги повика луѓето да не се изложуваат на ризици како што се паѓање плочки или дрвја.
Железничките услуги биле прекинати откако дрвја и столб од висок напон паднале на шините. Силно невреме во попладневните часови го зафати и северот на Италија, а локалните медиуми и социјалните мрежи јавуваат дека торнадо ја погоди областа околу Милано. Пожарникарите биле повикани да интервенираат поради поплави, разнесени покриви и паднати дрвја.
Големо невреме беснее низ цела Ломбардија, а има информации и за поплави. Силно невреме со грмежи и град ја зафати и Венеција.