Владата на Република Македонија: Македонија е меѓу петте земји со најбрз економски раст во Европа

Владата на Северна Македонија, во соопштение за медиумите, наведува дека стапката на раст на бруто домашниот производ за првиот квартал од 2025 година изнесува 3,2 проценти, според податоците од Државниот завод за статистика.

Со ова, велат од Владата, Македонија се рангира меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, по Ирска, Данска и Полска.

„Во споредба, ова значи дека растот е три пати поголем од минатата година. Ова е благодарение на успешните економски политики на Владата. Со ова, Македонија е меѓу петте земји со најбрз економски раст во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска.“

„Нашата заложба е ова да продолжи, поради што спроведуваме политики што ја поттикнуваат економијата да се развива. Најголем раст е забележан во секторите: Градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни дејности и помошни услужни дејности од 7,1%, како и информации и комуникации од 4,8%.“

„Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првиот квартал од 2025 година се зголеми за 7,1% номинално, додека нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ е 69,0%. За разлика од претходните години кога економијата беше на најниска точка и целосно амортизирана, сега имаме целосно движење напред“, велат од Владата.