Владата одобри законски решенија со кои се воведуваат шест бесплатни обиди за ин витро оплодување за парови со проблеми со плодноста, како и обезбедување ваучери од 250 евра за студенти, за купување лаптопи, таблети или други уреди, објави премиерот Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го исполнува своето ветување кон студентите, Законот за финансиска поддршка од 250 евра за секој студент е веќе во собраниска процедура! Оваа мерка му овозможува на секој студент да добие средства за купување електронски уред – лаптоп, таблет или друг уред, неопходен за учење, истражување и напредок. Студентите се нашата иднина, срцето на новата ера. Затоа Владата цврсто стои зад младите луѓе, зад знаењето, зад можноста секој да успее, без разлика од каде доаѓа.“
„Градиме држава која инвестира во образованието, која не ги заборава младите и која ги поставува темелите за пофер и поперспективно општество“, напиша Мицкоски во објавата.