Покрај Игор Николов, кој е именуван за амбасадор во Франција, тројца нови амбасадори се предложени и во Украина, Јапонија и Хрватска. Владини извори за МИА потврдуваат дека Димитар Блажевски е предложен за амбасадор во Украина, Андријана Цветковиќ за амбасадор во Јапонија, а Драган Ѓурчевски за Хрватска.
На вчерашната владина седница беше донесена одлука за започнување на процедурата за повлекување на деветте актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија Агнеса Руси-Поповска, во Црна Гора – Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорот и постојан претставник на Северна Македонија во Советот на Европа – Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија во меѓународните организации – Пајо Авировиќ.
На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина, Јакуп Реџепи, во Чешка, Емил Керстевски, во Шведска, Џенк Сејфула, како и Катерина Ставреска, амбасадорка во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.