Владата на Северна Македонија, во соопштение за медиумите, вели дека промените се случуваат и стануваат сè поочигледни и појасни, како и дека економијата доживува ренесанса.
Владата нагласува дека Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа.
„3,4 проценти е растот на бруто домашниот производ (БДП) за првиот квартал од 2025 година, според прелиминарните податоци од Државниот завод за статистика. Во споредба со претходно, Македонија сега бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се вклучува како земја со најбрзо растечка економија, во групата земји како Ирска, Данска и Полска.“
„Растот на БДП е показател дека работиме посветено и спроведуваме одговорни политики во интерес на граѓаните. И не застануваме тука, нè очекува целосна трансформација на Македонија и промени што ќе донесат поголема безбедност и подобра иднина за сите. Македонија ја очекуваат нови победи и уште поголеми економски резултати, она што го ветивме, она што го презедовме, го реализираме. Македонија мора да оди напред, а граѓаните мора да бидат задоволни“, велат од Владата.