Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес на церемонијата на подигнување на знамето на нуклеарните подморници „Краснојарск“ и „Александар III“ изјави дека им нема рамен во светот и дека се „застрашувачки“.
Владимир Путин беше во северниот град Северодвинск, каде што порача дека руската морнарица се зајакнува со најсовремена опрема и оружје.
„Наскоро ‘Александар III‘ и ‘Краснојарск‘ ќе почнат да го надгледуваат Пацификот“, најави Владимир Путин.
Според руските медиуми, во тек е изградбата на уште пет подморници, од типот „Јасен М“, а во завршна фаза е и крстосувачот „Архангелск“.
Според официјалните податоци, „Краснојарск“ е повеќенаменска нуклеарна подморница од проектот „Јасен-М“. Таа припаѓа на четвртата генерација на подморнички бродови.
Официјално е објавено дека овие подморници се вооружени со крстосувачки ракети „Оникс“.