Македонскиот музичар Влатко Стефановски синоќа одржа концерт во сараевскиот БКЦ.
Со овој концерт, тој претстави и пресек на својата 50-годишна кариера и најави нов албум, чиј процес на создавање траеше три години.
На сцената му се придружија Дамир Имери, Јан Стефановски и Иван Кукиќ, што дополнително го збогати ова музичко искуство.
За сараевската публика, гитарскиот виртуоз ги отсвире следните песни: „Џипси сонг“, „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, „Чукни во дрво“, и бројни други емотивни изведби.
По Сараево, македонскиот музичар ја продолжува својата турнеја низ Босна и Херцеговина, во Мостар на 26 октомври во Косача, а еден ден подоцна, на 27 октомври, во Зеница во БНП. Пред главниот град на Босна и Херцеговина, тој одржа концерт и во Бјелина.