„Неспособноста и неодговорноста на Данела Арсовска го доведе градот Скопје на работ на еколошка катастрофа. Тоа што со денови не се собираше отпадот, не само што значеше загрозување на животната средина, туку и опасно по здравјето на граѓаните. Општинската хигиена не ја вршеше работата за која беше платена од граѓаните и тоа беше причина за создавање на стотици депонии во близина на куќи, градини и паркови“.
Вака велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинуваат градоначалникот на Скопје за неодговорност. Според нив, градоначалничката Арсовска не сакала да се реши овој проблем, бидејќи, како што велат, кога градоначалниците на Скопје биле организирани со помош на скромни капацитети и со помош на општини од државата, Арсовска го блокирала од каприц.
„Јасно е дека политичките игри и беа поважни од интересот на граѓаните и нивното здравје. Арсовска не си ја заврши работата и го остави градот со денови да тоне во ѓубре и одбиваше да помогне да се надмине проблемот. Кој беше интересот на Арсовска да ја создаде оваа еколошка катастрофа? Дали тоа беше насочено кон казнување на граѓаните или дефокусирање од други прашања“.
„Арсовска е избрана да работи во интерес на народот и да ги реализира проектите што ги вети. Нема ништо од ветените проекти, туку само клевети и инсинуации. Својата неспособност и неодговорност се обидува да ја покрие со нервозни испади и неосновани напади. Народот го гледа и цени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.