Полицијата фатила неименуван возач кој се движел по познатиот автопат со неверојатна брзина од 322 км/ч , дури 200 км/ч над законската граница, беше објавено.
Тој беше запрен за време на рутинска проверка на автопатот А2, во близина на Бург, западно од Берлин , на 28 јули.
Рекордна казна
Полицијата објави дека возачот е казнет со 900 евра, како и со забрана за возење во траење од три месеци. Дополнително, од неговата возачка дозвола се одземени два бода.
Неговиот автомобил бил снимен од стационарен радар познат како „Приколка за спроведување на законот“ . Приказот на уредот ја покажува брзината што полицијата ја опиша како „највисока досега забележана“.
Германските автопати (Autobahn) се познати низ целиот свет по делниците каде што нема ограничување на брзината, но тоа не важи за сите делници, објавува Дејли Меил.
Постојат ограничувања.
Ограничувања постојат на околу 30 проценти од патиштата, додека дополнителни девет проценти користат системи за контрола на сообраќајот.
Некои делници имаат строги ограничувања, особено во области со поголем број возила или зголемен ризик од несреќи. Делницата од патот каде што бил фатен неименуваниот возач има ограничување на брзината од 120 км/ч.
Во 2019 година, федералната влада ги отфрли предлозите за воведување ограничувања на брзината на целата автопатска мрежа.