Млада жена загина во Мексико додека се обидувала да направи селфи во близина на железничката пруга додека минувал воз !
Камерата го сними застрашувачкиот момент кога една жена (29) ја удри стар парен воз во градот Нопала де Вилагран, северозападно од главниот град Мексико Сити, во вторникот. Жената, која не е именувана, стоела опасно блиску до шините со телефон во раката. На видеото се гледа како таа стои покрај пругата со момче и клекнува за да направи селфи, но возот ја удрил и ја убил на лице место.
Медиумите јавуваат дека несреќната жена била во друштво со членови на семејството, но засега не се знае дали момчето што се гледа на видеото е нејзиниот син.
– Длабоко сме тажни поради загубата на животот и сакаме да изразиме сочувство до семејството и роднините на жената. Заради сопствената безбедност и безбедноста на екипажот, набљудувачите мора секогаш да бидат оддалечени најмалку 10 метри од возот и пругата – соопштија од железницата.
Млада козметичарка од Русија, да потсетиме, неодамна падна во смрт од карпа висока 50 метри кога сакала да направи селфи од панорамската платформа!