Во Белград неодамна се појави билборд со интересна порака од мајка.
Имено, таа одлучила јавно да му се извини на синот што не верувала дека еден ден ќе заврши факултет. По тој повод решила да изнајми рекламен простор и да му честита на својот син за успехот.
„Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Секоја чест синко, небото е граница. Мама Дијана“, пишувало на билбордот лоциран во Булевар кнез Александар Караѓорѓевица.
На билбордот го ставила својот потпис и фотографија од нејзиниот син Марко кога бил мало дете. Нејзиното извинување и честитки набрзо станаа хит на социјалните мрежи.
Порталот Телеграф.рс откри дека станува збор за мајка чиј син студирал на Економскиот факултет 12 години. Мама Дијана изјави дека немал проблем со завршувањето на студиите, но дека во меѓувреме се вработил. Тогаш мислела дека тој никогаш нема да го заврши факултетот, па ветила дека јавно ќе му честита.