Драма во Германија
Неколку ултрадесничари осомничени за планирање државен удар и заговор за киднапирање на германскиот министер за здравство се уапсени денеска во неколку региони во Германија , соопштија денеска германските власти.
Обвинителството истакна дека групата имала намера да создаде „услови слични на граѓанска војна“ со користење експлозивни направи за да предизвика прекин на електричната енергија низ целата земја, а потоа да го киднапираат министерот Карл Лаутербах , кој се залагал за строги мерки против ковид, објави АП.
Засега нема индиции дека групата била блиску до извршување на државен удар.
На пет лица веќе им се суди во мај за наводен заговор на група која себеси се нарекува „Обединети патриоти“ . Обвинителството изјави дека групата е поврзана со „Граѓаните на Рајхот“ , луѓе кои ја отфрлаат Сојузна Република Германија и нејзините демократски структури, како и уставот.
Обвинителството во Франкфурт соопшти дека во централната покраина Хесен е уапсен маж бидејќи понудил помош во киднапирањето на Лаутербах, а понудил и гаража како складиште за оружје.
Откако започна пучот, додаде обвинителството, тој требаше да биде дел од делегацијата што ќе заплови во руските територијални води и ќе преговара со тамошните официјални лица.
Обвинителството од Минхен соопшти дека уапсениот во блискиот Волфрашчузен е обвинет и дека понудил учество во киднапирањето на министерот, како и за набавка на оружје во Хрватска за да го изврши. Имало апсења во западниот и југозападниот дел на Германија.
Првоосомничените биле уапсени минатата година, а тогаш полицијата заплени 22 парчиња оружје, меѓу кои и калашников, како и неколку стотици парчиња муниција, поголема сума пари, злато и сребро.
На социјалната мрежа Х, Лаутербах им се заблагодари на истражителите, на кои, како што рече, „веројатно им го должи животот“, пишува АП.