Во Хрватска ќе се забрани изнајмување на стан на еден ден, нема повеќе климатизери на фасадите и настрешници на балконите

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување.

На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата.

Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ.

Законот, предложен од Владата, воведува новина според која сите згради со три или повеќе ката ќе можат да поставуваат лифтови по посебна програма, при што државата ќе учествува со 33 отсто од вредноста на инсталацијата. Исто така, со оглед на состојбата на фасадите во центрите на градовите, на ист начин ќе се уреди и владиното кофинансирање на обновата на тие фасади.

Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.

Во четврток Собранието ќе гласа за измената на Законот за градежна инспекција со која во стопирање на дивоградбите ќе бидат вклучени 882 општински редари вработени во органите на градовите и општините. Ќе добијат одредени овластувања веднаш да интервенираат и да ја стопираат градбата, да ја наплатат глобата пропишана со закон и за се да го известат Инспекторатот.

Владата се одлучи на ваков предлог имајќи предвид дека градежните инспектори, од кои не повеќе од 70, не можат квалитетно да ја покријат таа површина во смисла брзо да интервенираат на самиот почеток на дивоградбата.

Во Собранието на прво читање доаѓаат двата законски предлози, како и измените на Законот за комуналното стопанство, за кои исто така ќе се расправа во четврток.