Второто полуфинале на 69-то издание на Евровизискиот натпревар ќе се одржи вечерва во Сент Јакобсхале во Базел, со почеток во 21 часот. Во ова полуфинале ќе учествуваат претставници од 16 земји кои ќе се борат за влез во големото финале.
Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Австрија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Србија и Финска се натпреваруваат за место во финалето. Покрај нив, публиката ќе може да ужива во настапите на претставници на земјите кои веќе имаат директен пласман во финалето – Обединетото Кралство, Франција и Германија.
Според прогнозите на обложувалниците, во финалето би требало да се пласираат Австрија, Израел, Финска, Австралија, Малта, Литванија, Луксембург, Грција, Чешка и Латвија.
Сепак, обложувалниците не предвидуваат дека претставниците на Србија, Ирска, Ерменија, Данска, Грузија и Црна Гора ќе влезат во финалето.
Финалето на Евровизискиот натпревар ќе се одржи во сабота, 17 мај, со почеток во 21 часот. Вкупно 26 земји ќе учествуваат во него: Швајцарија, Големата петорка, 10-те најдобри земји од првото полуфинале и 10-те најдобри земји од второто полуфинале.