Претседателот Александар Вучиќ при гостувањето на РТС доби шокантна вест за Косово и Метохија!
Едно момче од обезбедувањетоо среде емисија ненадејно му пријде и му подаде лист и му покажа порака на мобилниот телефон!
– Дали е нешто важно? – беше прашан Вучиќ од водителот Зоран Станојевиќ по кратка пауза.
Вучиќ одговори дека со пресуда на апелациониот суд е потврдена казната затвор од една година на поранешниот министер за администрација и локална самоуправа од Српската листа, Иван Тодосијевиќ, за неговата изјава за Рачак.
Тодосијевиќ беше осуден од Основниот суд во Приштина на една година затвор на 19 октомври 2022 година.
Иван Тодосијевиќ беше првостепено осуден на крајот на 2019 година во Приштина за изјавата што ја даде на комеморацијата на 20-годишнината од бомбардирањето на НАТО во Звечан, кога изјави дека случајот Рачак бил измислен и користен како изговор за бомбардирање.