„Уставните измени за вклучување на Бугарите ќе се случат кога владината коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно мнозинство и кога ќе има предвидливост во процесот, што не значи нова блокада на земјата за членство во Европската унија.”
Ова е ставот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, неколку дена пред Нова година, рок кој често беше потенциран како период во кој би се изгласале уставните измени пред да дојде на власт новата коалиција.
„Коалицијата „ВЛЕН“, сите пратеници стојат зад неа и да беа на дневен ред денеска ќе гласавме за уставните амандмани, но сметаме дека заедно треба да се договориме кога е најдобро за државата, за сите. граѓани, затоа ги правиме сите напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога тоа е најдобро за нашата држава, кога за тоа има политички договор и кога сме убедени дека имаме предвидливост во процесот. Тоа значи дека веќе нема да имаме вето три месеци, шест месеци и така натаму“, рече претседателот на Собранието, Гаши.
Гаши е подготвен да ги стави на дневен ред уставните измени штом некој го побара тоа, иако ставот на владејачкото мнозинство е дека треба да очекуваме предвидливост на процесот.
„Постапката за уставни измени е предвидена и во Уставот и во Правилникот. Секој што ги исполнува условите може да поднесе иницијатива, но ние како парламентарно мнозинство сметаме дека треба да има политичка волја и политички договор за кога ќе почне процедурата да се спроведе. Знаете дека уставните амандмани ќе се изгласаат кога за тоа ќе гласаат две третини од нашето Собрание и кога ќе бидеме сигурни дека ќе бидат прифатени од мнозинството пратеници во нашето Собрание, тогаш ќе ја започнеме процедурата. Во друг случај никого не можеме да спречиме, но мислиме дека не е добро да се експериментира со такви постапки“, објасни Гаши.