Лошите резултати на Манчестер Сити ја продолжи агонијата на Пеп Гвардиола кој покрај лошите резултати се мачи и со повреди на своите фудбалери.
Оттука, Пеп инсистираше дека е неопходно да се засили тимот во текот на зимскиот преоден рок. Веќе подолго време се споменуваат различни имиња, а тренерот на Сити е особено фокусиран на средниот ред, крилните позиции и нападот, пренесуваат британските медиуми.
Што се однесува до средниот ред, Пеп е насочен кон Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Бруно Гимараеш од Њукасл, Самуел Ричи од Торино, па дури и Пол Погба, кој моментално е без клуб, се споменува.
Кога зборуваме за бековските позиции, потенцијални засилувања би можеле да бидат Ентони Робинсон од Фулам и Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, додека се следат овие напаѓачи – с Еберечи Езе од Кристал Палас, Џеред Боуен од Вест Хем.